BARRIER-FREE/БАРИЕР-ФРИ > ЗА НАС
Бариер-Фри ДОО-Скопје е компанија чија примарна дејност е проектирање, набавка, монтажа, и сервисирање на лифтови и скалишни платформи наменети за превоз на лица без и со нарушена мобилност/корисници на инвалидска количка.
Процесот на изведба на една лифтовска постројка поминува низ неколку фази. За секоја одделна фаза е потребен стручен и образуван, со еден збор компетентен кадар. Секој член од нашиот тим е посветен на извршувањето на својот дел од процесот за да биде на високо професионално ниво.
Набавката и монтажата на еден лифт започнува со проектирање. Нашиот тим ги согледуваат потребите на инвеститорите, препорачуваат најсоодветна опрема за секој поединечен објект и ги договараат сите детали на идната соработка.
По дефинирањето на сите технички детали, проектантскиот тим ја реализира проектната задача според најновите стандарди и прописи преку кои се обезбедува максималната безбедност, економичност и функционалност на новиот лифт или платформа.
Според одобрената проектна документација, се врши нарачка на соодветна опрема од реномираните производители од Австрија и Шведска.
Квалитетот и реномето на производителите ја гарантираат навремената испорака на опремата, како и максималниот квалитет на завршниот комплетен продукт – лифтовска или скалишна платформа кој ќе ги задоволи сите технички и безбедносни барања пред пуштањето во редовна експлоатација.
Монтажата на техничката опрема во објектите ја обавуваат стручни и искусни монтерски екипи. По завршувањето на целосната монтажа, се врши испитување на истата од страна на овластено независно инспекциско тело и потоа од наша страна се врши обезбедување на сите потребни документи за ставање на техничката опрема во редовна употреба според важечкиот Правилникот за користење на лифтови и транспортери.
Нашата фирма е овластен дистрибутер за во Македонија, Албанија и Косово на производите од Сибес Лифт АБ-Шведска (Cibes Lift AB-Sweden) и Линер Лифттехник-Австрија (Lehner Lifttechnik GmbH –Austria).
Дали ви се допаѓа нашата работа?

Сакате да соработуваме?